Binance утре пристигнува во Скопје – последна шанса за регистрација на големиот настан!

Од:

Ситно се брои до големиот настан што на 11 декември (четврток) во 17 часот го организира водечката светска берза за размена на криптовалути Binance во хотел Мериот во Скопје.

Останати се мал број слободни места за сите крипто-ентузијасти кои на Community Meetup настанот ќе имаат уникатна можност да се сретнат со тимот на Binance, да ги разберат глобалните трендови во крипто-индустријата и да научат како да заработуваат безбедно преку Binance екосистемот. Воедно, сите заинтересирани за дигитални средства на големиот собир ќе имаат можност да се поврзат со луѓе со слични интереси и да станат дел од меѓународната Binance заедница.

Присуството е бесплатно, но поради ограничениот број учесници, потребна е претходна регистрација на следниот линк: https://www.binance.com/en/events/skopjemeetup.

На Binance Community Meetup собирот в четврток ќе се зборува за активностите, мисијата и визијата на Binance во Северна Македонија и регионот, ќе се одржи презентација на најновите производи и начини за заработка преку Binance екосистемот и BNB токенот. На агендата е и процесот за приклучување во Angels програмата, а присутните ќе имаат можност да учествуваат во интерактивен квиз и да освојат ексклузивен Binance подарок.

Настанот ветува возбудлива атмосфера, корисни знаења и нови можности за сите што веруваат во иднината на дигиталните финансии, а крипто-ентузијастите ќе имаат ретка прилика да бидат дел од глобалната приказна што го менува начинот на кој светот заработува, инвестира и се поврзува.

***

За Binance

Binance е водечки глобален блокчејн екосистем зад најголемата светска размена на криптовалути по обем на тргување и регистрирани корисници. Довербата на Binance му ја пружаат околу 300 милиони луѓе во повеќе од 100 земји поради неговата водечка улога во безбедноста, транспарентноста, брзината на тргување, заштитата за инвеститорите и неспоредливото портфолио на производи и понуди на дигитални средства, од трговија и финансии до образование, истражување, социјални добра, плаќања, институционални услуги и карактеристики на Web3. Binance е посветен на изградба на инклузивен крипто екосистем за зголемување на слободата на пари и финансиски пристап до луѓето ширум светот со криптото како основно средство.

За повеќе информации, посетете ја веб-страницата www.binance.com

Би можело да ве интересира

Binance доаѓа во Скопје: На 11 декември голем Community Meetup настан за крипто-ентузијастите!

A1on

Неовластените трејдинг ботови нова безбедносна закана во крипто-светот: за две недели изгубени над 18.000 USDT

A1on

Binance воведува демо тргување за корисниците во Македонија

A1on

Анкета за крипто пазарот: Корисниците се насочуваат кон сигурни и реални инвестиции

A1on

Binance предупредува за нов бран крипто-измами преку WhatsApp

A1on

Четири клучни алатки за заштита на сметките на Binance

A1on