Мицкоски: Додека сум јас премиер, ниту еден бегалски шатор нема да никне во Македонија

Од:

Ги гледам овие салта и гимнастики кои ги прави опозицијата. Не само што не е вистина, туку за мене претставува чудно во отсуство на било каква идеја, која може да мобилизира или да придонесе во рамките на општестениов живот, вие за таа тема да вадите ваква кампања и тоа против партија од каде почива фундаменталната тема на политиките да се бориме против илегалната миграција. Ова го кажа премиерот Христијан Мицкоски, прашан за обвинувањата од страна на опозициската СДСМ за некакви мигранти кои треба да дојдат од Велика Британија. Лидерот на СДСМ Филипче, дури најави и онлајн петиција.

„Јас ги разбирам, немаат идеја, се обидуваат да се мобилизираат и да растураат пердуви. Ние дури најавуваме борба против илегалните мигранти по примерот на „Сејф сити“, ќе развиеме проект „Сејф кантри“, со тоа што нашите граници ќе бидат целосно под мониторинг за да не се случуваат вакви работи. Апсолутно ги отфрлам како неточни овие обвинувања. Во изјавите од Обединетото Кралство се вели дека неуспешни апликанти ќе праќаат, но за ваква тема воопшто не е разговарано, и да се разговара, ќе бидат одбиени. Додека сум јас премиер, ниту еден бегалски шатор нема да никне во Македонија“, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Опозицијата реагира: Мицкоски ја условува финансиската поддршка за судството

Горан Наумовски

Левица: Европската Комисија го разобличи Мицкоски кој никако не го демонтираше коруптивниот систем, туку удобно се смести во него

Ќе има намалување на акцизите кај дизелот и безоловните горива. најави Мицкоски

Мицкоски: Судството нема да добие повеќе средства додека не покаже резултати

Мицкоски: Многу скоро ќе се излезе со информација за тоа што се случило во Гостивар и ќе има одговорност

СДСМ го обвини Мицкоски: ЕК нотира системски притисоци врз правосудството

Горан Наумовски