Во СВР Велес е пријавено дека во помошна просторија од неговиот дом во Велес е пронајден починат 70 – годишниот велешанец П.Т.
Како што информираа попладнево од СВР Велес, лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.
