Стојаноски: Ние практично сме први кои што сакаат да се расчистат немилите случаи и трагедии

Од:

Сакам да известам јавноста дека денеска на Собраниска седмица со 84 гласови „за“ беше донесена одлука за формирање на анкетна комисија која што ќе треба да ги опфати сите оние немили случаи и трагедии кои што однесува 138 човечки животи, меѓу кои што се и модуларната клиника во Тетово, автобуските несреќи кај Ласкарци и во Бугарија, но и како трагедијата која што го потресе целиот народ, пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, стои во соопштението на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ од прес-конференцијата на Бојан Стојаноски.

Тој рече дека „со ова, сакаме да укажеме дека како мнозинство, ние практично сме први кои што сакаат овие случаи да се расчистат. Одговорноста, дали законска, дали политичка, го стигне секој оној кој што бил виновен за случувањето на овие трагедии. Она кое што е важно и би сакал да го истакнам, е дека со ова, успеавме да ја прекинеме политичката игра на некрофилство во која што беа западнати СДСМ и Левица сакајки да добијат политички поени од едни вакви трагедии“.

„Навистина е неразбирливо за нас, да се соопштува ставот дека ние сме изгласале нешто кое што ќе ја затскрие правдата, кога напротив, повторувам, отвораме можност за сите оние големи трагедии да се продискутира во Собранието и секој еден кој што е засегнат да дојде, да постави прашање, да соопшти мислење и да го на крај најдеме одговорот на сите прашања кои што ги имаат граѓаните. Илузорно и лицемерно е луѓе кои што беа архитекти на системот во изминатите години сега да укажуваат дека некој сакал да направи контрапротест или протест и користење на такви зборови кои што се недозволиви за едни вакви трагедии“ порача Стојановски.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито