Милевски: Горд сум на нашите фудбалери, тие вистински го претставија духот на Македонија

Од:

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација – Благоја Милевски на кого му заврши договорот како предводник на македонската селекција, преку ФФМ истакна интегрално соопштение и се заблагодари за досегашната соработка.

– Искрено сакам да упатам благодарност до Фудбалската федерација на Македонија и до сите нејзини претседатели Илчо Ѓорѓиоски, Муамед Сејдини и Масар Омерагиќ кои од 2014 година наваму обезбедуваа стабилни услови и поддршка, што овозможија да се испишат значајни страници во историјата на македонскиот фудбал.

Посебно признание должам на актуелниот претседател Масар Омерагиќ за неговата континуирана, јасна и несебична поддршка во изминатиот период. Таквите темели се клучни за секој професионален процес да функционира сигурно и доследно во спортот, но и пошироко.

Горд сум на нашите фудбалери. Нивната трудољубивост, борбеност и силна волја ни донесоа резултати што долго ќе се паметат. Тие вистински го претставија духот на Македонија, а тоа ме исполнува со искрена гордост.

Голема благодарност упатувам и до мојот стручен штаб, како и до медицинскиот и логистичкиот тим, за нивната професионалност и беспрекорна соработка. Секој од нив си ја извршуваше задачата тивко, прецизно и посветено, како дел од тим што мора да функционира усогласено за да успее.

Навистина беше чест да ја предводам репрезентацијата и да бидам дел од овој колективен напор. И понатаму ќе останам со тимот со внимание, поддршка и почит – напиша Милевски.

Би можело да ве интересира

Судот ја прифати гаранцијата од 1,15 милиони евра, Сејдини ќе се брани од слобода

Горан Наумовски

Нема веќе осомничени во бегство во случајот ФФМ

Катерина Ѓуровски

Истрагата за ФФМ се проширува: Обезбедени уште четворица осомничени, еден заврши во притвор

Поранешниот прв човек на ФФМ Илчо Ѓорѓиевски со уште две лица одат во 30-дневен притвор, за пет лица одреден куќен притвор

ОД ФФМ испрале 3 милиони евра, Финасиска полициска со детали за двајцата претеседатели

Поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски приведен во истрага што опфаќа повеќе лица и компании

Горан Наумовски