Филипче најави парцијално освежување на тимовите во делот на раководството на СДСМ

Од:

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче најави кадровско освежување во партијата. Тој посочи дека на вечерашниот Извршен одбор на СДСМ, ќе побара оставка од членовите, а на следниот Централен одбор ќе се избере новиот состав на ИО на партијата.

„Ги бараме најдобрите луѓе, луѓе коишто имаат најдобар капацитет за да ја спроведат програмата којашто сметам дека граѓаните и тоа како ја заслужуваат. Веќе разговарав со добар дел од луѓето, не би шпекулирал со имиња, меѓутоа не станува збор за целосна смена, туку за парцијално освежување на тимовите и во делот на раководството на партијата на ниво на потпретседатели и во делот на Извршниот одбор“ – рече Филипче.

Тој посочи дека резултатот од локалните избори е мотив за напорна и интензивна работа во следниот период и најави активна теренска активност на СДСМ.

„Имаме тимови коишто ќе се впуштат во силна и многу интензивна теренска работа. Ќе се впуштат во изнаоѓање на нови членови коишто практично ќе знаат премин на генерациите во СДСМ од една во друга генерација, нова сила, нова енергија“, порача Филипче.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Пропаѓаат милијарди евра од ЕУ, а не 4 милиони евра – Македонија губи поради Мицкоски

(ВИДЕО) Кузеска: Како контролираното судство ја спречи заплената на криминалниот имот на ВМРО и го спаси Груевски

СДСМ: Заради ВМРО-ОКГ, Македонија губи милијарди, а не милиони евра

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Николовски: Додека регионот оди напред, добиваат милијарди од ЕУ, Македонија останува заглавена во место

СДСМ: Ослободувањето на Груевски е уште еден доказ за контролираното правосудство

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО