Полицијата ја уапси Федерика Могерини

Од:

Белгиската полиција ја уапси поранешната шефица за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини за измама.

Федерика Могерини беше уапсена во Брисел како дел од истрага за измама во која беа вклучени Колеџот на Европа и Европската служба за надворешни работи (EEAS), објавија белгиските медиуми.

Могерини моментално е ректор на Колеџот на Европа, а претходно беше висока претставничка на ЕУ за надворешни работи.

Според „Ле Соар“, денес беа извршени рации во седиштето на дипломатската служба на Европската Унија во Брисел, како и во неколку згради на Колеџот на Европа во Бриж.

Вкупно три лица беа приведени, вклучувајќи ја и Федерика Могерини. Обвиненијата се однесуваат на периодот од 2021 до 2022 година, а пријавените прекршоци вклучуваат: измама при доделување јавни набавки, корупција, судир на интереси, повреда на професионална тајна.

Истрагата се фокусира на сомневањето дека дипломатската служба на ЕУ можеби нелегално го фаворизирала Колеџот на Европа при доделувањето деветмесечна програма за обука за идни европски дипломати – Европската дипломатска академија.

Истражителите се обидуваат да утврдат „дали Колеџот на Европа или неговите претставници биле однапред информирани за критериумите за избор“ на тендерот што го распиша дипломатската служба на ЕУ за оваа програма за обука.

Европското јавно обвинителство е независно тело на ЕУ одговорно за борба против измами што влијаат врз буџетот на Унијата и за спроведување кривични истраги.

Пред денешната полициска операција, Европското јавно обвинителство побара укинување на имунитетот на неколку осомничени, а ова барање беше одобрено.

Би можело да ве интересира

Уапсени се шестмина битолчани кои „ловеле“ педофили

Четворица загинати и петмина повредени во судир на воз и училиштен автобус во Белгија

А1он

Уапсени се 39 лица во Грција за скандалот со европските земјоделски субвенции – се стекнаа со над 7,5 милиони евра

А1он

Трагедија во Белгија: Воз удри во училишен автобус, има загинати

Горан Наумовски

Четири лица се уапсени, седум случаи на семејно насилство за 24 часа

МВР: Приведени 14 лица за безобѕирно управување возило, меѓу нив и малолетник без возачка

Горан Наумовски