Притворен е мажот кој му се закануваше на градоначалникот на Кавадарци

Од:

Кавадарчанецот што му се закануваше на кавадаречкиот градоначалник е спроведено во притвор, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.

-Во саботата во 18:20 часот во ОВР Кавадарци e задржан Н.Ј.(32) од Кавадарци, кој во 14:25 часот е лишен од слобода на подрачје на СВР Битола, а бил баран по централен распис од ОВР Кавадарци поради основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ казниво по член 144, „демнење“ по член 144А и „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ по член 394Г од Кривичниот законик, за што му се поднесени кривични пријави, извести МВР.

Приведениот беше изведен пред судија на претходна постапка во Основен суд Кавадарци, кој му изрече мерка притвор во траење од 30 дена, по што бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Гевгелија за издржување на мерката притвор, соопштија од СВР Велес.

Претходно, синоќа, Јавното обвинителство информираше дека три лица биле обвинети за закани и загрозување на сигурноста на градоначалникот на Кавадарци, за еден бил предложен притвор.

– Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд поднесе обвинение против три лица за кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 од Кривичниот законик, додека првообвинетиот од нив се товари и за продолжено – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г., соопштија од Обвинителството.

Според обвинението, тој подолг временски период на неговиот личен профил на Фејсбук пишувал објави со говор на омраза, навреди и повици за насилство и закани насочени кон оштетениот градоначалник на Кавадарци, поттикнувајќи омраза врз основа на политичка припадност и општествен статус.

– Обвинетиот 32-годишник објавувал и фотографии од оштетениот и неговите малолетни деца, заканувајќи се и кон нив, а како потврда за сериозноста на заканите споделувал и видеа во кои самиот пукал со автоматска пушка и пиштол. Од јули годинава започнал и преку телефонска апликација да се јавува кај градоначалникот, лично и преку пораки да се заканува по животот на оштетениот и неговото семејство, споделија од Обвинителството.

Притоа додадоа дека второобвинетиот, исто така телефонски, пренесувал дел од заканите и пораките во име на првиот обвинет. Третиот обвинет, пак, коментирал на Фејсбук објавите на првиот обвинет, заканувајќи се со убиство на оштетениот градоначалник.

За првообвинетиот, кој имал двојно македонско и бугарско државјанство, јавниот обвинител проценил дека постои реален ризик од бегство и опасност да го изврши делото со кое се заканува, па до судијата за претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци поднел и посебен предлог за определување мерка притвор.

Би можело да ве интересира

Тројца обвинети за закани и загрозување на сигурноста на градоначалникот на Кавадарци, за еден предложен притвор

Предраг Петровиќ

Јанчев: По трет пат Кавадарци избра работа, чесност и резултати

Кавадарци организираше прием за претставници од Федерацијата на Европските карневалски градови

А1он

Јанчев: Подметнат е пожарот на локалитетот Мушов Гроб

Горан Наумовски

Двајца мажи од Росоман му се заканувале на Митко Јанчев и на неговото семејство

Горан Наумовски

Митко Јанчев пријави во полиција дека му се заканува сограѓанин