Од денеска снима „Безбеден град“, до 1 јануари само опомени

Од:

Камерите поставени на улиците од системот „Безбеден град “ од денеска ќе регистрираат сообраќајни прекршоци во рамки на едномесечен пробен период, пред целосната примена на системот предвидена за почетокот на следниот месец.

Во тек на пробниот период возачите ќе добиваат предупредувања, без изрекување казни.

Според најавите, во почетниот период ќе се евидентираат сообраќајните прекршоци како што се: управување на возило со брзина поголема дозволената, минување на црвено светло, изминат рок на важност на сообраќајна дозвола и непрописно паркирани возила. Во следната фаза ќе се прошири видот на сообраќајните прекршоци што ќе ги регистрира електронскиот систем.

Како што најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју за МИА, проектот „Безбеден град“ ќе започне со примена на 1 јануари 2026 година, а граѓаните ќе имаат еден месец пробен период за информирање пред официјалниот старт.

За примена на системот во изминатиот период се работеше на пакет законски измени.

Системот ќе функционира во комуникација со граѓаните преку нивните мобилни телефони.

– Проектот има за цел да ја зголеми безбедноста во сообраќајот и да воспостави поефикасен систем на превенција и санкционирање преку дигитална комуникација со граѓаните изјави Тошковски.

Би можело да ве интересира

„Безбеден град“ за една недела регистрирал 4 991 прекршок, најмногу за брзо возење

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

Како функционира „Безбеден град“ – системот чита регистарски таблички и при брзини од над 200 километри на час во услови на дожд и магла

Од денеска казни од „Сејф сити“

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Влен: „Безбеден град“ ги штити животите на граѓаните и гарантира безбедност