Камерите на „Безбеден град“ минатиот месец снимија 28.494 сообраќајни прекршоци

Од:

Во периодот од 01.05.2026 до 31.05.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 28.494 прекршоци.

Од вкупниот број на регистрирани прекршоци најголемиот број се за управување на возило со брзина поголема од дозволената 27.360, регистрирани се 833 прекршоци за управување на возило со измината важност на сообраќајната дозвола и 301 прекршок за минување на затворен сигнал – црвено светло.

Исто така, изречени се вкупно 781 мерка забрана за управување со возило.

Од нив 295 се за минување на црвено светло, а 486 се за брзо возење, од кои 347 за брзина поголема од 80 км на час во населено место, 86 за брзина поголема од 10 км – сопствено ограничување на возило и 83 за брзина поголема од 170 км на час во ненаселено место.

Би можело да ве интересира

МВР: Потврдите од платените казни од системот „Безбеден град“ граѓаните нема потреба да ги носат во полициска станица

А1он

Судиите одлучија – измените во Законот за прекршоци за „Безбеден град“ не се во спротивност со Уставот

А1он

Во февруари 19.066 сообраќајни прекршоци регистрирани со „Безбеден град“ – од нив 18.172 за брзо возење

А1он

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Костадиновски: „Сејф сити“ го смени однесувањето на граѓаните

„Безбеден град“ за една недела регистрирал 4 991 прекршок, најмногу за брзо возење