Во ексклузивниот приватен клуб „Шел Беј“ на Стив Виткоф во Јужна Флорида, делегации од Вашингтон и Киев се состанаа на маса полна со украински борш, густа супа од цвекло и зелка; и холубци, украински сарми.
Сервирањето украински јадења се сметаше за намерен дипломатски гест, додека САД се обидуваат да ја охрабрат Украина на компромис во мировните преговори со Русија.
Извор со директен пристап до разговорите, меѓу кои беа и американскиот државен секретар Марко Рубио, специјалниот претставник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер, за Си-Ен-Ен изјави дека интензивните преговори се „чекор напред“ и „надоградба на напредокот постигнат во Женева“, каде што минатата недела се одржа првата рунда разговори за предлозите на САД за прекин на војната на Русија во Украина.
U.S. Secretary of State Marco Rubio said that Ukraine needs long-term security guarantees
He added that the talks in Florida were productive, but more work is still required. According to him, the goal of the meeting was not just to achieve peace at any cost, but to preserve… pic.twitter.com/vv8LW4XYAf
— NEXTA (@nexta_tv) December 1, 2025
„Би било многу прерано да се каже дека сè сме финализирале тука, бидејќи сè уште има многу работа што треба да се направи. Но, состанокот беше многу фокусиран и најпроблематичните делови од мировниот предлог беа детално дискутирани“, изјави изворот за Си-Ен-Ен, забележувајќи дека може да се постигне почетен напредок во некои области.
Една од најчувствителните точки од оригиналниот американски мировен предлог од 28 точки беше одредба Украина формално да се откаже од својата уставна аспирација за членство во НАТО. Русија побара Украина формално да се откаже од таа аспирација, но украинските претставници и натаму категорично одбиваат.
Но, изворот сега вели дека преговарачите разговарале за можен сценарио во кој на Украина де факто ќе ѝ биде забрането да се приклучи на западната воена алијанса преку договори што поединечните земји од НАТО ќе мора да ги преговараат директно со Москва.
„Украина нема да биде принудена официјално, законски, да се откаже од оваа аспирација. Ако Соединетите Американски Држави имаат нешто за кое да се договорат со Русија билатерално, или ако Русија сака некои гаранции од НАТО мултилатерално, тогаш Украина не е вклучена во процесот на донесување одлуки“, објасни изворот на CNN.
Ukrainian security council secretary Rustem Umerov and US Secretary of State Marco Rubio open negotiations in Florida on a US peace plan to end the Russia-Ukraine war.#Ukraine #Russia pic.twitter.com/TiHYn1pAEL
— Al Arabiya English (@AlArabiya_Eng) November 30, 2025
Конечната одлука за овој исклучително чувствителен компромис, кој веројатно би бил непопуларен кај многу членки на НАТО, сè уште не е донесена и, како што нагласува изворот, на крајот треба да ја донесе украинскиот претседател.
Сепак, ова укажува дека се разгледуваат креативни решенија во продолжението на преговорите меѓу САД и Украина што би ги заобиколиле украинските црвени линии.
Друго многу чувствително прашање се однесува на барањето на Кремљ, исто така вклучено во предлогот од 28 точки на САД, Украина да отстапи територија во Донбас, делови од источна Украина што Русија ги анектираше, но сè уште не се целосно окупирани.
Планот на Трамп предлагаше областа, која вклучува појас од силно утврдени градови и места клучни за безбедноста на Украина, да стане руска демилитаризирана зона со која Москва ќе управува, но нема да ѝ биде дозволено да распоредува воени сили.
Извор со директен увид во преговорите изјави за CNN дека се развиваат разговори и за ова прашање, едно од најконтроверзните во целиот процес.
„Идејата за предавање на контролата врз овие области на Русија, што значително би ја ослабнало украинската одбрана, би ја зголемило можноста за идна агресија и сериозно би ги намалило украинските капацитети, е надвор од прашање“, забележа изворот.
„Но, ова не значи дека нема потенцијални начини за зачувување на уставните одредби и заштита на безбедноста на Украина“, продолжи тој. Сепак, изворот не сакаше да открие кои специфични опции се разгледуваат, нарекувајќи ја темата „премногу чувствителна“.
„Навистина верувам дека ако тоа стане јавно, тие би можеле да уништат потенцијално решение“, предупреди тој.
Друг проблем би можел да се појави во наредните денови: Кремљ, кој досега не покажа подготвеност да се откаже од своите максималистички барања за потчинување на Украина како услов за завршување на војната. Додека американските преговарачи ја гледаат можноста за украински отстапки, следниот, и поголем, предизвик може да биде да се убеди Русија да ги прифати.
