Во Клиничката болница во Штип полициски службеници од СВР Штип го уапсија Ј.А.(29) од с.Таринци, општина Карбинци.
– Претходно, во болницата за лекарска помош бил донесен неговиот татко В.А.(54), но и покрај пружената помош, В.А. починал. Кога Ј.А. пристигнал во болницата, но и откако од страна на медицинскиот персонал му било кажано дека татко му починал, тој се однесувал агресивно кон нив и искршил стакла и други делови од инвентарот. За настанот е известен јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено за обдукција, а по целосно документирање на случајот против Ј.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок, извести МВР.
