По многуте лаги на жителите на Чучер-Сандево веќе не им се чека: Од градоначалникот Зоран Бајовски бараат канализација

Од:

Жители на четири улици кои припаѓаат на Општина Чучер-Сандево, иако се многу поблиску до Бутел, бараат новиот градоначалник да го реализира предизборното ветување и да им изгради канализација. Претставници на улиците Бел Камен, Бутелска 31,33 и 35 побараа прием и го потсетија новоизбраниот градоначалник на Општина Чучер Сандево, Зоран Бајовски, што ветуваше на изборите и дека нивниот децениски проблем треба да го стави на листата приоритети.

Улицата Бел Камен е во катастрофална состојба, има повеќе вода отколку асфалт.

„Му оставивме неколку недели на новиот градоначалник да се прилагоди на функцијата, но не можеме повеќе да молчиме. Со децении ниту еден досегашен градоначалник не се амбицираше да го реши проблемот со канализацијата, а сите ветуваа дека ќе го решат. Побаравме известување од градоначалникот во која фаза е изградбата на најавената канализација оти на терен нема никакви активности, побаравме да ја обнови улицата Бел Камен која е претворена во решето оти кој како стигне ја прекопува, а бараме и жителите од овој дел од општината да гласаат во соодветната општина, не половина да гласаат во Бутел половина во Чучер Сандево, како што е сегашното решение“, вели претставник на жителите на четирите улици.

Покрај тоа што усно му ги кажале барањата, жителите од четирите улици му ги доставиле на градоначалникот барањата и во писмена форма. Му оставиле рок од 15 дена во кој ќе чекаат одговор, а доколку не го добијат ќе ги известат сите надлежни институции, а не ја исклучуваат и можноста за протести оти се решени да не дозволат да истече уште еден градоначалнички мандат без решение на проблемот.

Градоначалникот Бајовски вели дека веќе работи на изнаоѓање конкретни решенија на сите проблеми што му ги посочиле жителите и уверува дека ќе ги реши децениските проблеми кои му паднало да ги решава токму нему оти претходниците не направиле разлика.

Тој прво ќе го стокмел буџетот па потоа ќе почнел со реализација на ветувањата. Според него, сите проблеми кои не се од сега туку од децентрализацијата во 2005 година, ќе ги решел.

„За канализацијата на Бел Камен и улиците Бутелска 31,33 и 35 веќе се подготвуваме за нарачка на проект оти со сегашните проекти не се целосно опфатени. Еден дел ќе бидат опфатени со проектот за Кучевишка Бара, друг дел, оние куќи што се под патот на Бел Камен , заедно со повисоките делови од Бутелска 31,33 и 35 треба да се стават во нов проект оти нив ги нема во ниту еден досегашен. Мојата идеја е за нив да се направи посебен проект со вод кој што ќе оди покрај коритото на Серава за што ќе ни треба соработка со Општина Бутел, но сепак ќе има куќи кои се пониски од нивото на планираните канализациски водови за кои жителите бараат пумпи, но последниот збор за тоа ќе го имаат проектантите. Ќе направиме се што е изводливо“, вели градоначалникот Бајовски.

На општинарите им претстои подготовка на буџетот за 2026 година во кој треба да бидат предвидени средства за канализацијата и за обнова на улицата, а конкретни чекори градоначалникот најави во јануари, односно најдоцна за два месеци.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

Во изминатото деноноќие 11 пријави за семејно насилство на територија на државата

Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

Левица: Извештајот на Европската комисија забележува дека ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт за партиска контрола и нетранспарентно трошење