Дури и по постигнувањето на мировен договор, Украина ќе има потреба од силни вооружени сили и безбедносни гаранции и не треба да биде принудена да прави територијални отстапки, изјави денес германскиот канцелар Фридрих Мерц.
– Ги гледаме многу позитивно напорите на американската влада да најде решение тука. Сепак, нагласуваме и дека безбедносните интереси на Европејците, како и безбедносните интереси на Украина, мора да бидат заштитени, рече Мерц на прес-конференција со неговата естонска колешка Кристен Михал.
Преговорите меѓу претставниците на САД, ЕУ и Украина за мировен договор за земјата се одржаа во Женева во недела и понеделник, на кои беше презентиран европскиот одговор на мировниот план на Вашингтон.
