Германската авиокомпанија „Луфтханза“ се извини за инцидентот во кој премиерите на Финска, Данска и Луксембург беа заглавени на аеродромот во Франкфурт во неделата вечерта.
Оваа ситуација се случи поради технички дефект, па службените лица доцнеа или не присуствуваа на самитот на Европската унија и Африканската унија во Лунада, Ангола.
Според неколку дипломати за „Еурактив“, тројцата европски лидери, како и високата претставничка на Европската унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност – Каја Калас, чекале на аеродромската писта на пат кон самитот на ЕУ и Африканската унија во Луанда, кога авионот не можел да полета.
Финскиот премиер Петери Орпо подоцна успеа да пристигне во Луанда со големо задоцнување, додека Каја Калас, данската премиерка Мете Фредериксен и премиерот на Луксембург Лук Фриден го откажаа своето патување и останаа во Европа.
Портпаролот на Луфтханза, Борис Огурски, потврди дека летот LH560 од 23 ноември е одложен за 13 часа и 25 минути поради дефект во системот за известување на патниците.
– Жалиме за непријатностите што ги претрпеа нашите патници – рече тој во соопштението.
Огурски додаде дека од причини за заштита на податоците не може да потврди кој се бил во авионот.
