А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Свет

Фон дер Лајен: Ниту Вашингтон, ниту Москва не можат да одлучат за Украина

by А1он25/11/2025 - 12:31160
Share0

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека прашањето за територијалниот интегритет на Украина, како и одлуките за големината и организацијата на нејзините вооружени сили, можат да се решат само во Киев.

Следете a1on на Instagram Instagram

Урсула фон дер Лајен нагласи дека „територијата и суверенитетот на Украина мора да се почитуваат“ и дека само украинската држава има легитимитет да донесува такви одлуки.

„Само Украина, како суверена држава, може да одлучува за своите вооружени сили, изборот на нејзината судбина е во нејзини раце“, рече фон дер Лајен, испраќајќи јасна порака пред завршните разговори за новиот мировен план на САД.

Разговорите за договор за текстот на планот се одржаа во Женева на 23 ноември, пред најавената средба меѓу претседателот Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп. Американската делегација ја предводеше државниот секретар Марко Рубио, а во неа беа и специјалниот претседателски пратеник Стив Виткоф, секретарот на армијата Даниел Дрискол и други високи функционери на администрацијата.

Следете a1on на Youtube YouTube

Од украинската страна беа вклучени началникот на кабинетот на претседателот Андриј Јермак, шефот на Советот за национална безбедност и одбрана Рустем Умеров, директорот на Главната дирекција за разузнавање Кирил Буданов и неколку службеници одговорни за одбраната и безбедноста.

Преговорите се фокусираа на американскиот предлог од 26 до 28 точки, чии детали беа објавени минатата недела во списанието „Аксиос“ и од пратеникот Олексиј Гончаренко. Планот предвидува повлекување на Украина од членството во НАТО, воспоставување нови граници и формирање тампон зони, ограничувања за украинските вооружени сили, како и користење на замрзнатите руски средства за специфични цели. Исто така, содржи одредби за безбедносни гаранции за Киев.

Сепак, Европската Комисија нагласува дека конечните одлуки мора да бидат во согласност со ставот на Украина и нејзиното суверено право да го одреди својот пат.

fon den lajenukraina

Би можело да ве интересира

Зеленски: САД им се заканиле на украинските генерали со прекин на размената на разузнавачки информации без мое знаење

Горан Наумовски14/10/2026 - 17:3314/10/2026 - 16:25

Медведев: Киев е слеп и e во паника без американските разузнавачки информации

Горан Наумовски14/10/2026 - 16:5414/10/2026 - 16:24

Украина: 600.000 домаќинства останаа без електрична енергија по масовните руски напади

Горан Наумовски14/10/2026 - 16:3714/10/2026 - 16:24

Трамп бара нов претседател на Украина, договорот со Путин за дизел-гориво отвора нови тензии

Горан Наумовски13/10/2026 - 20:36

Зеленски: Партнерите не ја предупредија Украина за можни напади

Горан Наумовски13/10/2026 - 19:31

Маѓар: Унгарија нема да испорачува оружје за Украина

Горан Наумовски12/10/2026 - 14:40
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео