Мицкоски од Тирана: Остануваме решително ориентирани кон европските интеграции и регионалната соработка

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Тирана учествува на Самитот на лидери „Нашиот пат кон ЕУ“. Тој во објава на Фејсбук наведе дека земјава останува решително ориентирана кон европските интеграции и регионалната соработка.

-Денеска присуствувам на Самитот на лидерите „Нашиот пат кон ЕУ“, којшто се одржува во Тирана, Албанија. Нашата земја останува решително ориентирана кон европските интеграции и регионалната соработка, како клучни столбови на нашата заедничка визија за просперитетен Западен Балкан, напиша Мицкоски.

Мицкоски додава дека овој значаен собир претставува одлична прилика за продлабочување на дијалогот и зајакнување на заедничките напори на земјите од Западен Балкан во процесот на приближување кон Европската Унија.

Предвидено е премиерот Мицкоски да се обрати на панел дискусијата насловена „Исполнување на заеднички обврски, резултати и забрзување“.

Мицкоски Тирана

На Самитот во Тирана, покрај лидерите на земјите од Западен Балкан, присуствува и еврокомесарката за проширување Марта Кос.

Би можело да ве интересира

Писмениот дел од правосудниот на мајчин, усниот на македонски, инсистира Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Мицкоски има одговор за изјавите на Радуков и Демерџиев, ама вели не заслужуваат внимание

Левица: Мицкоски тврди дека економијата е „многу, многу постабилна“, а секое трето дете живее во сиромаштија

А1он

Мицкоски: Филипче е во состојба да продаде се само за да стигне до фотелја

А1он

Цената на струјата останува иста до крајот на годината

(ВИДЕО) Мицкоски: Направен е упад и киднапирано е лице кое е бегалец од правдата, ова нема вака да заврши

Катерина Ѓуровски