Скопјанец со автомобил сакаше да повреди дечко и девојка од Италија, тврди Обвинителството

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка за кривично дело – Предизвикување општа опасност против 30-годишен скопјанец.

„Тој на 14 ноември на булеварот “Партизански одреди” и околните улици, со општоопасно средство, предизвикал значителна опасност за животот и телото на италијански државјанин. Оштетениот управувал автомобил „Алфа Ромео Тонале“, со италијанска регистарска ознака, во кое била и неговата девојка. Кога се обидел да се престрои во левата коловозна лента, осомничениот, управувајќи возило „Алфа Ромео 147“ со скопски ознаки, ги претекнал со голема брзина, па неколку пати нагло кочел и застанувал. Кога двете возила свртеле во лево на улицата „Франклин Рузвелт“, осомничениот со своето возило правел нагли промени на коловозните ленти, го следел возилото на оштетениот и постојано нагло застанувал пред него, со што предизвикувал сообраќаен хаос.

Оштетениот се обидувал да избегне судар со возилото на осомничениот, но на улицата „Народен фронт“, осомничениот се вратил наназад со голема брзина и го удрил во предниот лев дел од возилото. Кога оштетениот застанал за да повика полиција, осомничениот се приближил со своето возило и фрлил тврд предмет кон нив, извикал нешто неразбирливо и се оддалечил од местото на настанот.

Заради обезбедување присуство на осомничениот и непречено водење на кривичната постапка, а имајќи ја предвид реалната опасност од бегство или од повторување на кривичното дело спрема оштетениот, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, извести ОЈО.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски