(ВИДЕО) Манасиевски: Македонија процентуално е меѓу првите со издвоени најмногу пари од БДП за правосудството во регионот и ЕУ

Од:

Иако Македонија е мала држава и по територија и по население, издвојува значителни средства за правосудниот систем. Дури 0,39% од БДП се дава за правосудството. Тоа е повеќе од Франција со 0,20%, Германија издвојува 0,30%, Грција 0,26%, соседна Албанија 0,29%, Молдавија 0,35% и Грузија 0,23%. Во превод, државата вложува најмногу, а добива најмалку. Наместо независно и ефикасно судство, граѓаните гледаат бавни постапки, нерешени предмети, одложувања без основ, политички влијанија и недоверба. Судниците се претвораат во места каде што правдата се чека, но речиси никогаш не се добива, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Судството треба да биде стожер на правдата, а не алатка во рацете на поединци и политички групи. Граѓаните плаќаат, а за возврат добиваат нефункционален систем кој не ја штити вистината, туку ја одложува. А понекогаш, таа воопшто не ни стигнува.

И токму затоа, иако Македонија процентуално издвојува најмногу средства од БДП за правосудството во регионот и Европа, судиите кои земаат и до три просечни плати, а некои и повеќе, сепак бараат уште. А резултати нема. Нема ниту правда, ниту квалитет, ниту реформи. Плаќаме најмногу, а добиваме најмалку. Клучното прашање е дали овие луѓе заслужуваат повисоки плати? Реформи мора да има, вели Манасиевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Манасиевски: Јавноста не гледа подобрување на квалитетот на судските процеси, намалување на предмети или пак поголема отчетност

(ВИДЕО) Манасиевски: Реформите и напредокот на СДС се во втор план на Филипче, приоритет му се желбите на Заев

(ВИДЕО) Манасиевски: Филипче прибира негови лојални луѓе по насока на Заев

(ВИДЕО) Манасиевски: ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг влегува како апсолутен фаворит

А1он

(ВИДЕО) Манасиевски: Граѓаните направија вистински избор, гласаа за работа, перспектива и иднина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Манасиевски: РЕК со СДС плаќала двојно повеќе на „Марковски компани“ од година претходно, а плаќано е и за еден камион неколку пати