(ВИДЕО) Филипче: Груевски од Будимпешта го контролира ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција остро реагираше на изјавите на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова дека сега не е време за реформи, затоа што е време на војни.

„Не може да си дозволи претседателка на државата, која пред само година ипол доби половина милион гласови, да каже дека ова не е време за реформи. Неколку дена пред тоа Никола Груевски од Будимпешта напиша пост во кој зборуваше дека Европа е во време на војни. Се повеќе ќе станува јасно дека Никола Груевски го контролира ВМРО-ДПМНЕ од Будимпешта. И тие се само извршители на неговите политики и ништо друго“ рече Филипче.

Би можело да ве интересира

Филипче: Мицкоски да одговори зошто со законски измени се брише одредбата за уплата на 6% во вториот столб?

Бројките се немилосрдни и ги демантираат СДС, ДЗС вчера објави дека реалната нето-плата во септември пораснала за над 5%

СДСМ: Крпен живот, кошничката се доближи до 71.000 денари – само за храна се потребни 26.000 денари

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС продолжуваат со лагите и манипулациите за Алта банка, овој пат јавната аукција сакаат да ја претстават како тајна зделка

Филипче на Конференција за проширувањето на ЕУ во Унгарија

(ВИДЕО) СДСМ со амандмани бара 2.500 денари повеќе месечно за студентски оброк и стипендии од 8.000 денари