ВМРО-ДПМНЕ: Обврска и одговорност на судот е да има правда за случајот со „Пулс“

Од:

Секој процес е отворен за јавноста, може да присуствува публика согласно Законите за транспарентност. Прес-конференцијата на Филипче е срамен обид да глуми чесен во ситуација кога цела држава знае дека има сериозни дамки од модуларната, па се до разни набавки во здравството, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Цела држава знае, освен обвинителството. И еве го повикуваме обвинителството на Заев и Филипче да делува одговорно и да испита сѐ. Истовремено сметаме дека обврска и одговорност на судот е да има правда за случајот со Пулс, да не биде бескомпромисен и да ги повика на одговорност сите кои се огрешиле во било каква смисла, без разлика на политичка или етничка припадност, и да не води сметка на било какви политички пораки и притисоци каква што е и оваа алиби прес-конференција на докторот Менгеле, Филипче кој колку и да се обидува, не може да ја сокрие грозоморната улога во разни случаи.

Вистината мора да излезе на виделина. Македонија мора да гради систем во кој нема да има повластени и недопрени, туку Законот ќе важи за сите. Заради тоа овој случај е исклучително важен. Македонија мора да ги победи сите оние кои мислат дека со евтини трикови ќе ја надмудрат и остават во калта на нивното гнасно минато. Правда мора да има. За сите, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузманоска: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја доведе економијата до раст од 4,3 отсто

Од 2012 до 2025 немало ниту една противпожарна контрола во „Пулс“, сведочеше вештото лице

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски

Филипче го слави системот што го спаси од обвинение, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како да го наполни џебот

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски