Груевска-Илиевска: Судењето за „Пулс“ продолжува, одбиено е барањето за одложување

Од:

Се прифаќа барањето за изведување на интегрирана листа после одлуката за спојување на постапките бидејќи сметаме дека со тоа нема да биде повредени ниту едно право на ниту една странка. Обвинителството најави дека пред воведниот говор ќе го истакне интегрираниот текст и листата на докази кој судот ќе го внесе во записникот кој ќе биде доставен до сите странки во постапката. Доколку имаат приговори можат откако ќе ја видат оваа лист, да ја прошират и изменат својата листа и да ја достават при давањето воведни говори. Ова е затоа што во интегрираниот текст нема измени на ниту едно дејствие на ниту еден обвинет и нема нови докази кои претходно не се доставени. Советот донесе решение да се изврши превод од Албански јазик на Македонски јазик и да се достави во доволен број примероци. По давањето на воведниот говор сите ќе ги добиете интегрираниот текст на обвинението и листата на докази, изјави судијката Диана Груевска Илиевска, која го најави продолжувањето на процесот за трагедијата во Кочани, откако одбраната на обвинетите претходно побара одложување на рочиштето.

На денешното рочиште обвинителството ќе даде воведен збор.

Би можело да ве интересира

Од 2012 до 2025 немало ниту една противпожарна контрола во „Пулс“, сведочеше вештото лице

Марковски: Инспекторите можеле и морале да ја затворат „Пулс“ поради незаконските зафати

Горан Наумовски

Со распит на градежните вештаци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Левица бара да проработи Анкетната за Кочани

Вештачење: „Пулс“ не смеел да функционира како кабаре, реконструкцијата била нелегална

Горан Наумовски

„Пулс“ нелегално бил пренаменет од индустриски објект во дискотека, Општината требало да реагира