Во сообраќајка загина мигрантка од Кина, седуммина се повредени

Од:

Една мигрантка од Кина загина, а седуммина се повредени откако денеска на патот Валандов-Дојран камион со српски ознаки излета од коловозот и се преврте.

Како што соопштија од СВР Струмица, во несреќата од здобиени повреди почина мигрантка од Кина, смрт констатира лекар од Итната медицинска помош, а телото на почината е предадено на обукција.

– Со повреди се здобиле уште седум лица-мигранти од Кина, кои без знаење на возачот влегле во приколката. Возачот С.М. е задржан во Јавната здравствена установа Гевгелија за укажување помош. Увид на местото на несреќата, во присуство на јавен обвинител, изврши екипа од ОВР Гевгелија, се наведува во полициското соопштение.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он