Почнува комисиската амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година

Од:

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја почне расправата за Предлог-буџетот за 2026 година, во второ читање, на која ќе ги разгледува поднесените над 200 амандмани.

Во текот на општата расправа, која заврши вчера, пратениците од владејачкото мнозинство изнесоа ставови дека предложениот буџет е реален и развоен со индикатори базирани на подобрување на економскиот раст и силна реализација на проектите и приходите.

Со реализација на предложениот буџет, според нив, ќе се реализираат потреби и барања на граѓаните бидејќи се обезбедуваат повеќе средства за повисоки плати, пензии, нови училишта, градинки, развивање на инфраструктурата, дигитализацијата, капиталните инвестиции.

Наспроти нив, опозициските пратеници сметаат дека предложениот буџет е нереален, неразвоен и социјален и нема да го подобри стандардот на граѓаните и услугите од државата. Критикуваа и дека ќе се зголеми јавниот долг и оти се намалени капиталните инвестиции.

Со Предлог-буџетот за 2026, економскиот раст е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти од БДП.

Вкупните приходи се проектирани на 374,7 милијарди денари, вкупните расходи на износ од 413,9 милијарди денари, а капиталните инвестиции 40,5 милијарди денари (650 милиони евра).

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Мерц: „Не може проблемите на 21 век да се решаваат со буџет од 20 век“

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски