Русија го прогласи Михаил Касјанов за екстремист – поранешниот премиер сега е „закана за државата“

Од:

Поранешниот руски премиер – Михаил Касјанов е додаден на списокот на терористи и екстремисти во Русија, објави Федералната служба за финансиски надзор Росфинмониторинг.

Касјанов (68) беше министер за финансии од 1999 до 2000 година и премиер од 2000 до 2004 година. Тој поднесе оставка поради низа скандали поврзани со корупција.

Тој ја напушти Русија кратко време по почетокот на агресијата врз Украина и се приклучи на Рускиот антивоен комитет.

Во октомври, руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) започна истрага против Михаил Ходорковски, милијардер означен како странски агент во Русија, како и неговите соработници во Антивоениот комитет, под обвинение за заговор за државен удар и учество во терористичка група.

Касјанов се споменува во документи поврзани со овој случај.

Би можело да ве интересира

Захарова: ЕУ е лицемерна кон протестите во Иран

Украина: Руски дронови нападнаa цивилни бродови во Црното Море

Захарова: Странските трупи во Украина ќе бидат легитимна мета

Горан Наумовски

Ескалација во реториката: Москва со закани по нападот врз руски танкер

Карлсон со остра оценка: САД се трансформираат во империја

Енергетски притисок кон Русија: Америка воведува 500 отсто царини на руска нафта и гас