Протести против мафијата одржани во Ајачио и Бастија

Од:

Масовни протести против мафијата на францускиот остров Корзика се одржаа денес во Ајачо и Бастија под слоганот „Убијци, мафијаши, надвор“.

Организаторите проценија дека на митингот присуствувале околу 3.000 луѓе, додека полицијата го процени бројот на демонстранти на 1.700.

Демонстрантите бараа правда и безбедност и повикаа на спротивставување на криминалните групи кои, како што рекоа, „го држат островот во страв“, објави BFMTV.

Протестите беа организирани од коалиција на антимафијашки организации, која беше основана во септември.

Демонстрантите носеа транспаренти со пораки како „Мафијата убива, тишината исто така убива“ и им оддадоа почит на Пјер Алесандри, синдикален секретар кој беше убиен во март оваа година, како и на Масимо Сузини, активист кој беше убиен во 2019 година.

Жан-Филип Навар, обвинителот на Бастија, рече дека ова граѓанско движење „ја одразува силната волја на корзиканското општество“ за борба против криминалот.

Тој најави дека ќе бидат спроведени засилени истраги во „чувствителни области“ како што се туризмот, јавните работи и угостителската индустрија, како и дека контролите ќе бидат зголемени во соработка со локалните власти.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

(ВИДЕО) Арсовски: Вице Заев давал наредби за палење коли

А1он

Трајанов: Загадувањето е борба со мафијата, да се свика Советот за национална безбедност