Почна амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2026 година

Од:

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет почна амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2026 година.

Според информациите објавени на веб страницата на Собранието, за Предлог-буџетот се поднесени над 100 амандмани.

На седницата е присутна и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која ќе го образложи Предлог-буџетот.

Вкупните приходи во Предлог-буџетот за следната година се проектирани на 374,7 милијарди денари, расходите на 413,9 милијарди денари, а капиталните инвестиции на 40,5 милијарди денари или 650 милиони евра. Економскиот раст е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти од БДП.

Министерката Димитриеска-Кочоска на 28 октомври, на прес-конференцијата во Владата, кога го презентираше Предлог-буџетот, истакна дека со него се опфатени сите клучни политики што ќе се спроведуваат во следниот период, со јасна цел – да се забрза економскиот раст и да се постигне постепена фискална консолидација.

Пленарната седница на која ќе се разгледува Предлог-буџетот за 2026 година, според најавите, е планирано да се одржи на 9 декември.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Мерц: „Не може проблемите на 21 век да се решаваат со буџет од 20 век“

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски