Ѓорѓиевски: Kонечно Скопје за Нова Година ќе биде украсено како што треба да биде

Од:

Скопје годинава ќе добие новогодишна прослава каква што заслужува секоја метропола, најави вечерва скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.

-Во програмата не беа предвидени средства за предновогодишно украсување, но со ребалансот на буџетот во петок ќе предвидиме средства за китење на главниот град и ќе биде организирана новогодишна прослава каква што треба за граѓаните и пречек на Новата година. Со тоа конечно Скопје ќе биде украсено како што треба да биде и како што заслужуваат нашите граѓани, рече Ѓорѓиевски.

За повикот од јавниот обвинител Љупчо Коцевски да пријава доколку има индиции за злоупотреби во Град Скопје, Ѓорѓиевски рече дека веќе имале средба со претставници на Финансиската полиција и додаде дека во интерес на истрагата не може да даде повеќе информации.

-Стојам зад сите факти што ги изнесов во јавноста. Околу 500 лица се отстранети од списоците на вработени во јавните градски претпријатија кои земале плата а не оделе на работа, односно го прекршиле Законот за работни односи и дисциплината во претпријатието. Тоа не се лица кои ќе бидат заменети со нови зашто нив им било дозволено единствено да вршат злоупотреба на институциите и да се доведуваме во состојба во каква што сме денес во Градот Скопје, рече Ѓорѓиевски.

Би можело да ве интересира

Левица: Орце вели дека снегот не може да го изненади, а ЈСП најави редуцирање на автобуси поради временски услови

Ѓорѓиевски за Божик: Секој нов ден биде благословен со успеси

А1он

Ѓорѓиевски: Загадувачите се под удар, изречени се високи парични казни

Град Скопје ќе гради катна гаража во Клинички

Катерина Ѓуровски

Скопје подготвено за славење – Ѓорѓиевски најавува програма за сите генерации

Горан Наумовски

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски