Роналдо по Мундијалот идната година става крај на играњето за Португалија

Од:

Кристијано Роналдо е еден од најдобрите играчи во светот веќе 20 години. Со години беше најдобар, покрај Лионел Меси, но веќе ја помина 40-тата година и проговори за пензионирање.

Португалецот не заборави да постигнува голови. Ги тресе мрежите во Ал Наср и португалската репрезентација, но полека размислува за пензионирање.

Роналдо објави дека Светското првенство во 2026 година ќе биде последното што ќе го игра за репрезентацијата.

– Навистина уживам во моментов. Како што знаете, во фудбалот, кога ќе достигнете одредена возраст, месеците се бројат многу брзо. Се чувствувам многу добро во овој момент. Постигнувам голови, сè уште се чувствувам брзо и остро. Уживам во мојата игра во репрезентацијата. Но, да бидеме искрени. Она што го мислам под „наскоро“ е веројатно една или две години – рече Роналдо.

Португалецот постигна над 950 голови во својата кариера и дефинитивно ќе биде запаметен како еден од најдобрите, а според многумина и најдобриот напаѓач на сите времиња.

Би можело да ве интересира

Роналдо е повреден – ќе биде ли фит до почетокот на Мундијалот?

А1он

Кристијано Роналдо купи клуб во Шпанија

А1он

(ВИДЕО) Роналдо го заврши штрајкот, се врати на терен и го постигна 962. гол во кариерата

А1он

Фудбалерот на саудискиот Ал Наср, Кристијано Роналдо, продолжува со штрајкот втор натпревар по ред

Кристијано Роналдо си оди од Ал Наср?

А1он

(ВИДЕО) Роналдо стигна до 959 гола во кариерата, но неговиот тим го загуби најголемото саудиско дерби

А1он