ВРЕДИ очекува да има и вицепремиер и министер за животна средина, позициите кои му припаѓаа на Меџити

Од:

Во Коалицијата ВРЕДИ сме согласни и го делиме мислењето дека по изборот на Изет Меџити за градоначалник на општина Чаир, на неговото место треба да дојде нашиот предлог – Беким Сали, изјави денеска вицепремиерот задолжен за политики за добро владеење Арбен Фетаи, одговарајќи на новинарско прашање за реконструкција на Владата.

– Изет Меџити имаше две функции во Владата, министер за животна средина и заменик-премиер. Ние сметаме дека треба да предложиме едно име плус, министер за животна средина и заменик-премиер. Оваа недела верувам дека ќе седнеме со премиерот како мандатар најдоцна до утре и ќе најдеме заедничко решение, рече Фетаи.

На новинарско прашање за вчерашното соопштение на ВРЕДИ во кое имало критика за министерката за образование и наука Весна Јаневска поради настанот што се случи во Тетово и како напредува со изучување на македонскиот јазик, Фетаи вели дека министерката сама се обратила до јавноста во однос на овој настан.

– Таа кажа дека тоа беше моментална реакција и се извини за истиот настан. Јас можам да кажам дека 35 години живеев надвор и затоа не го знам македонскиот јазик, не сум го учел во училиште, но немам никаков проблем кога ќе го научам македонскиот јазик да се обратам на тој јазик. Мене не ми смета ниту еден јазик, течно говорам четри до пет јазици, додаде Фетаи, кој потврди дека почнал со изучување на македонскиот јазик.

Прашан каква е состојбата во Македонија во моментов и како државата се справува со корупција и кои се најголемите закани, Фетаи изјави дека главните проблеми кои, како што рече, исто така се дел од Извештајот на ЕК се во однос на криминалот и корупцијата, односно судството кое со години нема кредибилитет во однос на решавање на судските процеси за криминал и корупција на високо ниво.

– Вториот предизвик со кој се соочуваме е кризата во Државната комисија за спречување на корупцијата на Република Македонија (ДКСК), односно настаните што се случија таму и кои не можевме да ги решиме додека не завршат локалните избори. Трет предизвик со кој се соочуваме на кој треба да работиме е реформите во правосудниот систем. Реформи во правосудството, во судството, промена на Кривичниот законик, на начин што ќе се доближиме до добрите пракси на ЕУ, изјави Фетаи.

Додаде дека овие се тие три клучни предизвици и, како што рече, итни на кои треба да работиме.

– За време на овие 16 месеци владеење како нова владејачка коалиција и гарнитура ние сме се соочиле со два изолирани случаи за кои веднаш се преземени мерки. Немало некој голем случај на корупција на високо ниво и можам да како дека како Влада ние ќе работиме на неселективен начин за сите што ќе згрешат да излезат пред лицето на правдата, рече Фетаи.

Вицепремиерот Фетаи денеска учествуваше на 10. Годишна регионална конференција за координација на безбедноста во Западен Балкан.

Би можело да ве интересира

Мицкоски рече дека тој побарал да се блокираат исплатите за ИПАРД, СДСМ вели дека лаже

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Владата согласно закон ќе именува повереници во општините каде изборите беа неуспешни

ВРЕДИ ја нападна Јаневска: Не знае ни збор албански, а реагира за тоа што не го разбира Касами

ВРЕДИ: По месеци ѓубре, Скопје и Чаир овојпат навистина се чистат

А1он

Реконструкција на Владата по конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ нема да добие плус министер

Ако направиме уставни измени ќе добиеме „петка“, не е точно дека сме зад Албанија, Мицкоски за извештајот на ЕК