МВР информира дека рано утринава во 02:10 часот, полициски службеници од ОВР Ресен го лишија од слобода Б.Л.(45) од с. Царев Двор, ресенско, кој е фатен додека управуваше патничко возило „пежо“ со ресенски регистарски ознаки под дејство на алкохол.
При контрола, кај возачот се измерени 2,78 промили алкохол во крвта, што ја става неговата состојба во категоријата „екстремно пијан“.
Возачот е отстранет од сообраќај, а против него ќе биде поднесена пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“, казниво според член 297А од Кривичниот законик.
