Јаткасти плодови и зачини со поминат рок – АХВ заплени и уништи 37 тони храна

Од:

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) изминатата недела при спроведена вонредна контрола кај оператор со храна, заплени и не штетно уништи приближно 37 тони храна.

Како што соопшти денеска Агенцијата, запленети и уништени се јаткасти плодови, зрнести и мешункасти производи и разни зачини без декларации и на кои рокот на употреба им е истечен од една до две години.

За сторениот прекршок на операторот му е изречена мерка привремена забрана за работа и парична казна, како и наредба за отстранување на утврдените недоследности со надзорот.

АХВ информира дека во изминатата недела спроведени се вонредни контроли и кај други оператори со храна – месарници, ресторани, сендвичарници, маркети. Поради утврдени недоследности – нерегистрирани оператори со храна, не спроведени задолжителни обуки на вработените за безбедност на храната, пуштање во промет на небезбедна храна и слично, операторите со храна и нивните одговорни лица се казнети парично и им се изречени привремени забрани за вршење дејност.

-Издадени беа и наредби за отстранување на утврдените недостатоци со контролите, а затекнатата небезбедна храна беше не штетно уништенa, наведува АХВ во соопштение.

Би можело да ве интересира

Вработен во Агенцијата за храна и ветеринарство шест години добивал плата, а не доаѓал на работа

АХВ лажела за водата во Струмица, Костадинов најави кривична пријава

Предраг Петровиќ

АХВ забрани увоз на пилешко од Бразил и на месо од мали преживари од Албанија

АХВ казни 14 месарници: Продавале небезбедна храна и ја занемариле хигиената

АХВ заплени и уништи 1.740 килограми небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ прави чистка пред Велигден: уништени месо, јајца, бои, ракија