Наследникот на Изет Меџити кој доби градоначалнички мандат на Општина Чаир, на позиција прв вицепремиер ќе биде Беким Сали, потврди денеска на прес-конференција портпаролот на ВРЕДИ – Дритон Сулејмани.
-Ние веќе функционираме како ВРЕДИ и досегашните министри кои беа министри на ВРЕДИ, а не на одделни политички партии, така и ќе продолжиме. Како што има најавено Меџити негов наследник на позицијата прв вицепремиер ќе биде Беким Сали, додека за министер за животна средина и просторно планирање ќе биде назначен друг и за тоа допрва ќе се одлучува. Сѐ уште нема конкретно име – рече Сулејмани.
Инаку Беким Сали и претходно беше во Владата, како министер за здравство од 2022 до 2023 година. Тогаш тој го наследи Венко Филипче од СДСМ.
