Во Неготино излезеност од 46,03 отсто до 17 часот, во Демир Капија 62,71, во Росоман 63 проценти

Од:

Во Неготино излезеноста е 46.03 отсто до 17 часот, во Демир Капија 62.71 , во Росоман 63 проценти. Во Неготино се гласа на 28 избирачки места, во Демир Капија на 11 и во Росоман се спроведува вториот круг од локалните избори на 10 избирачки места.

Неготинци избираат меѓу Марија Нацева од ВМРО-ДПМНЕ и Петар Мантев од СДСМ. Во Демир Капија се бира меѓу досегашниот градоначалник, Лазар Петров од СДСМ и Наталија Димитриева од ВМРО-ДПМНЕ. Росоманци може да го дадат гласот за досегашниот градоначалник, Стојан Николов од СДСМ или за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓи Крстевски.

Како што информираат од општинските изборни комисии за МИА, во Неготино право на глас имаат 15.902, во Демир Капија 3.186, а во Росоман 3.295 лица.

Би можело да ве интересира

Вкупно 14 пожари на отворено, два сѐ уште активни

ОЈО Скопје бара мерки на претпазливост за три лица за насилство врз дете во Маџари

Јаневска: Одговорност мора да има и за родителите за случајот со врсничко насилство

Предраг Петровиќ

Најмногу дожд наврна во скопско Црешево и Гази Баба

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите

Невремето предизвика поплави и штети во повеќе региони