ВИДЕО: Илјадници студенти од Белград, Нови Пазар, Шумадија пристигнаа во Нови Сад на годишнината од падот на настрешницата

Од:

Студенти од шест различни региони пристигнаа во Нови Сад, каде што во денеска ќе се одбележи годишнината од трагедијата во која 16 лица ги загубија животите при уривањето на настрешницата на железничката станица во тој град. Многу студенти и граѓани со денови пешачеа до големиот комеморативен собир. Први во Нови Сад пристигнаа оние што први тргнаа – студенти од Нови Пазар, кои го прославија својот ангажман близу до крајната цел.

По нив, пристигнаа две колони велосипедисти – од Бачка Паланка и Белград, а потоа пешаци од Бачка Паланка, како и група од западна Србија.

Пешачите што тргнаа од Суботица, односно од Вршац и Зрењанин, се споија и пешачеа заедно, а последен пристигна најбројниот – колоната што тргна од Белград пред два дена.

По собирот, тие се упатија кон Железничката станица, каде што положија цвеќе и каде што собирот заврши со 16-минутен молк.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се гледаме утре и секој ден, сè додека нема правда – порака од големиот собир во Нови Сад

Катерина Ѓуровски

Новак Ѓоковиќ се огласи на годишнината од трагедијата во Нови Сад

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Мајката на една од жртвите во Нови Сад ќе штрајкува со глад

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: 16 минути тишина за жртвите, голем собир во Нови Сад

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трагедија, судентска борба и граѓански отпор – една година по несреќата во Нови Сад

Пицула: „Чациленд“ е слика на Србија на Вучиќ, насилството беше неизбежно