Трамп: Путин треба да ја заврши војната во Украина, наместо да тестира ракети

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека рускиот претседател Владимир Путин треба да се фокусира на завршување на војната во Украина, наместо на тестирање ракети, објавија денес американските медиуми.

Коментирајќи ги извештаите за тестирање на нова руска нуклеарна ракета, Трамп рече дека САД имаат и нуклеарни подморници позиционирани во близина на Русија, објавува CNN.

„Тие знаат дека имаме нуклеарна подморница, најдобрата во светот, веднаш до нивниот брег. Таа треба да стави крај на војната, војна која требаше да трае една недела, а сега е во својата четврта година. Тоа е она што треба да го прават наместо да тестираат ракети“, им рече Трамп на новинарите во претседателскиот авион за време на турнејата низ Азија.

Рускиот претседател Владимир Путин објави дека Русија успешно ја тестирала својата нуклеарна крстосувачка ракета „Буревестник“ и го најави распоредувањето на новото оружје.

Руските претставници тврдат дека ракетата била во воздух околу 15 часа и за тоа време патувала околу 14.000 километри.

Би можело да ве интересира

Путин: Руската економија е четврта во светот, прва во Европа

Горан Наумовски

Трамп: Разговорите со Иран се добри, постои шанса за договор

Трамп ги негира извештаите за недостиг на муниција: Имаме повеќе од кој било друг во светот

Путин нареди зголемување на вооружените сили

Трамп: Да не бев претседател, Иран ќе го уништеше Израел

Путин: Русија е подготвена да ги брани своите интереси, ќе го победиме непријателот