Двајца загинати и 13 ранети во руски напад врз Киев

Од:

Двајца загинати, а 13 ранети е епилогот по ноќниот напад врз Киев, објави денес полициската управа во Киев на својот Фејсбук профил.

Како што е наведено во соопштението, телото на 36-годишен маж е извлечено од под урнатините во населбата Десњан во главниот град, а втората жртва е 58-годишен маж од истиот дел од градот, пренесува Укринформ.

До денес во 12:00 часот, полицијата во Киев веќе примила 80 пријави од граѓани во врска со последиците од рускиот воздушен напад.

„Прелиминарните извештаи укажуваат на скршени прозорци, оштетени автомобили и кратер во дворот на станбена зграда“, објавија властите во украинскиот главен град.

Украинските воздухопловни сили соопштија дека собориле четири од девет ракети и 50 од 62 дронови лансирани за време на нападите врз различни цели низ Украина.

Би можело да ве интересира

Украина погоди поморска база длабоко во Русија

А1он

Осуммина повредени во напад со руски дрон врз Черниговската област во Украина

А1он

ОН: Најмалку 15.850 цивили убиени во Украина од почетокот на војната

А1он

Путин еднострано прогласи прекин на огнот со Украина на 8 и 9 мај

А1он

Украина првпат го гаѓаше рускиот град Екатеринбург

А1он

Руски дрон уби Украинец за време на велигденското примирје

А1он