Во Грузија уапсени тројца Кинези – сакаа нелегално да купат ураниум

Од:

Службата за внатрешна безбедност на Грузија денес објави дека уапси тројца кинески државјани во главниот град Тбилиси поради обид за нелегално купување на два килограми „нуклеарен материјал“ – ураниум.

Заменик-шефот на грузиската Служба за државна безбедност изјави дека тројцата уапсени планираа да купат ураниум за 400.000 долари и да го транспортираат во Кина преку Русија, објави грузиската новинска агенција „Интерпрес“.

Ураниумот е „нуклеарен материјал“, се вели во соопштението, без да се наведе мотивот за планираната набавка.

Би можело да ве интересира

Претрес во Тетово: Пронајдена е дрога, едно лице е уапсено

Приведени двајца малолетници во Неготино, проголтале бела грутчеста материја кога наишла полиција

Претрес во Делчево, пронајдена дрога и огревно дрво без документација, лишено од слобода едно лице

Лишени од слобода седум лица, сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога

САД планираат најризична операција во Иран: Упад на специјалните сили и екстракција на ураниум

САД и Израел разгледуваат специјална операција: Планирани се две опции за ураниум