Пратеникот на Путин во САД: Доста сме блиску до дипломатско решение за војната

Од:

Кирил Дмитриев, специјален пратеник на рускиот претседател Владимир Путин за инвестиции и економска соработка, синоќа изјави дека верува оти неговата земја, САД и Украина се блиску до дипломатско решение кое треба да придонесе за завршување на војната во Украина.

По пристигнувањето во Вашингтон на разговори со американски претставници, Дмитриев за Си-Ен-Ен изјави дека средбата меѓу Доналд Трамп и Путин не е откажана, како што рече американскиот претседател, и дека двајцата лидери веројатно ќе се сретнат подоцна.

Планираниот самит беше одложен во вторник, бидејќи отфрлањето на моменталното примирје од страна на Русија фрли сенка врз обидот за одржување разговори.

Трамп рече дека ја откажал планираната средба со Путин во Будимпешта поради недостаток на напредок во дипломатските напори за завршување на војната и чувство дека моментот е пропуштен.

Но, Дмитриев во рече: „Верувам дека Русија, САД и Украина се всушност доста блиску до дипломатско решение“. Тој не даде детали.

Европските земји работат со Украина на нов предлог за прекин на огнот по должината на сегашните фронтовски линии, изјавија европски дипломати за Ројтерс оваа недела, главно потсетувајќи на она што веќе се дискутираше, додека инсистираа САД да задржат централна улога.

„Одличен потег на претседателот Володимир Зеленски е што тој веќе признава дека станува збор за фронтовските линии“, рече Дмитриев.

„Знаете, неговиот претходен став беше дека Русија треба целосно да си замине, па всушност мислам дека сме доста блиску до дипломатско решение што може да се постигне“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Русите погодија трговски центар полн со луѓе – најмалку четворица загинаа

А1он

Русите со дрон ја погодија зградата на украинската телевизија во Киев – петмина повредени

А1он

Трамп доби уверување од Путин дека Русија нема агресивни намери кон Европа

А1он

Трамп денеска ќе има телефонски разговор и со Путин, и со Зеленски

А1он

Путин: Русија се движи кон крајот на војната во Украина

А1он

Путин: Русија во моментов се бори за сегашноста и иднината

А1он