69 болни и немоќни лица денеска гласаат во Велес

Од:

Избирачките одбори на ОИК Велес денеска ќе ги посетат домовите на 69 болни и немоќни граѓани, а кои припаѓаат на 33 избирачки места. Гласањето на овие наши сограѓани е во рамките на првиот круг од осмите Локални избори 2025. Ребека Бајдевска Ѓошева од ОИК Велес, изјави дека избирачките одбори денеска според правилата дошле во ОИК ги подигнале избирачките материјали и се упатиле на терен.

Таа појасни дека 68 од 69 болни и немоќни лица кои денеска ќе го остварат своето граѓанско право да гласаат, се од градот, а само едно лице е од велешката приградска населба Превалец.

Воедно информира дека денеска во земјава гласаат и лица кои се на отслужување мерка куќен притвор, но и дека во ОИК Велес немало пријавено такви илица.

Од ОИК Велес, информираат дека денеска според правилата, гласаат и лица во велешкиот затвор, како и лица кои се сместени вон семејни установи во земјава.

Инаку на територијата на Општина Велес, во избирачкиот список се запишани вкупно 44 850 гласачи кои утре ќе гласат на 84 избирачки места во Велес и населените места во општината од првиот круг на Локалните избори 2025.

Според правилата, сите избирачки места ќе бидат отворени утре сабајле во 7 часот, а ќе бидат затворени во 19 часот.

Би можело да ве интересира

ДИК: Од вкупно 8.856 болни или немоќни лица кои можат да го остварат своето право на глас на овие локални избори, до 20.30 часот гласале 7.935 гласачи

ДИК: Од 2.162 лица кои се на издржување казна затвор или притвор, своето право на глас до 15.30 часот го оствариле 810 гласачи

Во Штип гласаат 152 болни и немоќни лица

Заврши гласањето на болните и немоќни лица во Општина Могила

На осмите по ред локални избори ќе се изберат градоначалници и советници во 80 општини и во Град Скопје

Горан Наумовски

Денеска во Прилеп гласаат 298 болни и изнемоштени, 60 штитеници и 119 осуденици во прилепскиот затвор