Binance издвојува 400 милиони долари за поддршка на корисниците и обновување на довербата во крипто пазарот

Од:

Најголемата светска крипто-платформа Binance ја претстави иницијативата „Together“, вредна 400 милиони американски долари, со цел да им помогне на индивидуалните корисници и институциите кои беа погодени од неодамнешните флуктуации на пазарот.

Иницијативата претставува чекор кон стабилизирање на крипто-индустријата и враќање на довербата во дигиталните финансии. Средствата се распределени во два фонда:

  • 300 милиони долари во USDC стабилна валута– корисници кои претрпеле загуби од принудна ликвидација преку фјучерси и тргување со маржи во периодот од 10 до 11 октомври 2025 година. За да се квалификуваат, корисниците треба да имаат загуба од најмалку 50 американски долари, што претставува најмалку 30% од нивниот вкупен биланс на сметката. Исплатите ќе се извршат автоматски, во рок од неколку дена, директно на Binance сметките на корисниците.
  • 100 милиони долари институционален фонд – наменет за партнери и институции кои биле сериозно погодени од пазарните осцилации. Фондот ќе нуди краткорочни заеми со ниски камати, а апликациите се достапни преку менаџерите на сметки за VIP и институционални клиенти.

Од Binance објаснуваат дека, иако компанијата не е директно одговорна за индивидуалните загуби, иницијативата е дел од поширокиот напор да се поддржи заедницата и да се поттикне доверба во крипто секторот.

„Нашите корисници секогаш се во сржта на сè што правиме. Без нивната поддршка Binance не би постоел. ‘Together Initiative’ е наш начин да покажеме дека стоиме зад заедницата, дури и во најтешките моменти“, стои во соопштението на компанијата.

Binance потсетува дека тргувањето со дигитални средства вклучува висок степен на ризик и ги охрабрува корисниците внимателно да управуваат со своите позиции и да инвестираат одговорно.

Оваа иницијатива доаѓа во време кога криптовалутите бележат значителни флуктуации, што негативно влијае на корисниците, институциите и довербата во целиот пазар. Проактивниот пристап на Binance може да се гледа како обид за стабилизација и реафирмација на лидерската позиција на пазарот.

Би можело да ве интересира

Binance вложува 300 милиони долари годишно во усогласеност додека безбедноста станува клучен тест за крипто-индустријата

Катерина Ѓуровски

„Светла, камера, крипто!“ Binance и Cineplexx носат нова наградна активација во Македонија

Катерина Ѓуровски

Трамп пријави огромен крипто приход, Белата куќа тврди дека нема судир на интереси

Еден украден Ајфон може да доведе до многу повеќе од обична загуба на телефон

Катерина Ѓуровски

Лансирањето на американските акции на Binance веќе го надминува пазарот на токенизираните акции

Binance останува посветен на своите европски корисници и ќе продолжи да работи во согласност со важечките закони