ЈП „Лајка“: Вдомувањето е суштински дел од решението за прекубројноста на бездомните кучиња, секое вдомено куче значи едно помалку на улица

Од:

Во изминатите пет години, ЈП „Лајка“ се посвети на создавање системско, хумано и одржливо решение за проблемот со бездомните кучиња во градот. Нашата мисија не е само спасување, згрижување и вдомување на животните – туку и подобрување на заедничкиот животен простор, бидејќи вдомувањето не е само хуман, туку и општествен, комунален, едукативен и превентивен процес. Секое вдомено куче значи едно животно помалку на улица, помалку ризици за граѓаните и почиста, побезбедна и похумана урбана средина. Вдомувањето претставува суштински дел од решението за прекубројноста на бездомните кучиња – дел што директно го поврзува човекот со заедницата и со сопствената одговорност кон неа, порачуваат од ЈП Лајка по повод одбележувањето на петгодишнината од формирањето.

Со одбележувањето петгодишнината, како што велат, сакаат да го прослават успехот што досега го постигнале, но и да ја потврдат посветеноста кон иднината – кон град без страдање и бездомништво на животните.

-Нашата цел е да ја зголемиме свеста, солидарноста и активното учество на граѓаните, институциите и образовните заедници во процесот на решавање на овој предизвик. Особено внимание посветуваме на инклузијата на децата и младите, бидејќи токму тие се идните носители на промената. Преку едукација, креативност и непосреден контакт со животните, тие учат за сочувство, одговорност и важноста на хуманите вредности. На нив останува општеството кое ќе го градат – општество во кое секое живо суштество има свое место и почит, велат од ЈП „Лајка“.

Од претпријатието веруваат дека решението е во заедништвото – во поврзаноста меѓу човекот, животното и заедницата.

-Нашата петгодишнина е потсетник дека вистинската промена започнува со секое вдомено куче, со секој едуциран граѓанин и со секое дете што ќе научи да сака и да се грижи, нагласуваат од ЈП „Лајка“.

Би можело да ве интересира

ЈП ЛАЈКА: Потребен институционален одговор за напуштањето домашни миленици

Најдено е младо куче затворено во напуштен автомобил

А1он

Кривична пријава против тројца за крвничкото претепување на бездомното куче Феликс кое угина вчера

A1on

Умре Феликс, кучето кое безмилосно беше тепано со стап по глава, а неговата судбина ја сплоти цела Македонија

A1on

Законот што треба да го реши проблемот со бездомните кучиња четири години е заглавен, општините речиси и не плаќаат за „Лајка“

Катерина Ѓуровски

Тим на „Лајка“ спаси куче паднато во Вардар