(ВИДЕО) Коњановски: Целосна реконструкција на центарот за спорт и рекреативни активности во Битола

Од:

Денес со гордост зборуваме за проект кој ќе го промени спортскиот живот во нашиот град. Реконструкцијата и изградбата на центарот за спорт и рекреативни активности, познат како поранешната боксерска сала, изјави Тони Коњановски, кандидат за градоначалник на општина Битола.

– Овој повик е поддржан во првиот повик на Владата на Република Македонија за капитални инвестиции минатата година. Денес, веќе се гради модерен објект, од над 1000 квадратни метри, вреден повеќе од 40 милиони денари, кој ќе стане вистински дом за нашите спортисти и млади. Новата сала, ќе им овозможи на нашите боксери, да тренираат во современи услови, а дополнително ќе има и карпа за качување за сите љубители на авантуристички спортови.

Со овој проект, градиме иднина, создаваме простор, што ќе ги поттикне младите за спорт, здрав живот и заедништво. Од една поранешна руина, ќе изградиме објект, што ќе биде симбол на енергија, дух и амбицијата на новиот град. Вистински избор е да инвестираме во спортот, во младите. Вистински избор е да инвестираме во иднината, рече Коњановски.

Би можело да ве интересира

Силувано е 12 годишно девојче во Битола – ОЈО води истрага за 36 годишник

А1он

Безживотно тело на битолчанец извлечено од реката Драгор

Поплавени улици во Битола по обилниот дожд во градот

Обвинителството започна истрага за грозоморното убиство во Битола

Убиство во битолската населба Баир, жртвата е млада жена

Катерина Ѓуровски

Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува преку градот