(ВИДЕО) Кусакатска: Митески нека одговори, каде се ветените 100.000 квадратни метри ново зеленило во Аеродром?

Од:

Пред само четири години ВМРО-ДПМНЕ, со Дејан Митески и Тимчо Муцунски, ветуваа дека Аеродром ќе добие 100.000 квадратни метри ново зеленило и нови паркови. Денес, по четири години, нема ниту еден нов парк. Наместо зелен Аеродром, гледаме пожолтени тревници, неискосени површини, урната урбана опрема и расфрлано ѓубре. Паркот „Радост“ во Реонски центар – наместо да го завршат уште во првата година – четири години подоцна сè уште не е готов. Парк кај касарната „Гоце Делчев“ – ветен, но нема ни проект, изјави Марина Кусакатска, кандидатка за советник во Советот на општина Аеродром од СДСМ и коалицијата.

– Нов парк во Ново Лисиче со содржини за сите возрасти – само празно ветување. „Паметен систем за наводнување“ – не можат да ги поправат ни старите прскалки. Паркот „Авионче“ требаше да стане мал луна парк – останува запуштен простор со паркирани возила на тревниците. Нови паркови за миленици во секој дел од Аеродром – ниту еден не е изграден. Митески и Муцунски не само што не подигнаа нови паркови, туку ги оставија да пропаднат и оние што беа подигнати претходно.

Аеродром, некогаш најзелената општина во Скопје, денес е симбол на запуштеност и ѓубре на секој чекор. Затоа прашуваме: Со кое лице Дејан Митески ќе бара втор мандат од граѓаните? Имаат ли Митески, Муцунски барем трошка срам за она што го направија – или подобро речено, не го направија? Време е да ја вратиме општината во рацете на луѓе што работат. Аеродром заслужува вистински паркови, чист воздух и уредени јавни простори. Заедно со Вас граѓаните ќе се избориме за Аеродром, ќе се избориме за нашиот дом, рече Кусакатска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО