ЗНАМ: Најголемата депонија во Центар е неспособната локална власт на СДСМ

Од:

СДСМ, како цела држава, така и во Центар е во тотален распад на идеи, резултати, но очигледно и на нерви. Наместо да одговорат зошто четири години ништо не сработија, зошто премолчуваат на дивоградби кои никнуваат пред нивните очи, тие повторно се вплеткуваат во лаги, спинови и соопштенија напишани во нивните мувлосани партиски канцеларии, далеку од реалноста.

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија не е против чистење -туку против незаконски акции, злоупотреби и предизборен маркетинг на сметка на
граѓаните. СДСМ тврди дека проектот во Крњево се спроведува според „важечки ДУП“.

Ако деталниот урбанистички план (ДУП) не е усогласен со актуелниот Генерален урбанистички план (ГУП), тој НЕ МОЖЕ да се применува. Тоа јасно стои во член 35, став 5 од Законот за урбанистичко планирање.

Во членот 2 стои дека градежно земјиште на кое не се формирани градежни парцели, што е ограничено со регулациони линии служи за општа употреба односно за изградба на јавните простори: улици, плоштади, инфраструктури, урбано зеленило и друго.

Ако овој простор според оваа одредба во Законот, е предвиден за сообраќајница според ГУП-от, а не за урбано зеленило (уште помалку и со
ДУП-от), како тоа Општина Центар реализира проект според важечки ДУП кој не е усогласен со ГУП на Градот Скопје? На тие што не им е јасно во членот 11 став 3 од Законот за урбанистичко планирање прецизно е наведено што содржи Генералниот урбанистички план,
додека описот на Деталниот урбанистички план е даден во член 13 став 3 и 4 од истиот Закон.

ОТТУКА , ПРАШУВАМЕ:

-КАКО МОЖЕ ОПШТИНА ЦЕНТАР ПРЕДВОДЕНА ОД СДСМ ДА НЕ ГИ ПОЧИТУВА ОВИЕ ОДРЕДБИ ОД ЗАКОНОТ И НА ПРОСТОР КОЈ СПОРЕД ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН И
ГЕНЕРАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН Е ПРЕДВИДЕН ЗА ПРИМАРНА СООБРАЌАЈНИЦА – БУЛ. КРУШЕВСКА РЕПУБЛИКА, ДА ТВРДИ ДЕКА ИМА ПРОЕКТ КОЈ Е ПРЕДВИДЕН СПОРЕД ВАЖЕЧКИ ДУП ЗА УРЕДУВАЊЕ НА ПРОСТОРОТ СО ЗЕЛЕНИЛО, УРБАНА ОПРЕМА И ИГРАЛИШТЕ?

И, кој сега не ги разбира основите?

Очигледно оние што со години го кршат законот, а денес се обидуваат да се претстават како реформатори.

Нема јавна расправа, нема усогласеност со ГУП, нема транспарентност – има само лаги, паника пред избори и фото-акции за спас на рејтингот.

Главна особина на владеењето на СДСМ е нивната неспособност. Господа од СДСМ, и сами да се тркате, ќе завршите на второ место. Ете, до толку сте неспособни!

И наместо да чистат депонии на пет дена пред избори, ги облекоа работниците во нови униформи, СДСМ треба да се исчисти сам од лагите, манипулациите и неуспесите што четири години ги затрупуваат граѓаните на Центар.

На 19 октомври, граѓаните ќе направат вистинско чистење – ќе го исчистат Центар од неспособноста на градоначалникот и локалната власт што мисли дека законот е нивна сопственост.

На 19-ти октомври Центар ќе избере Градоначалник кој ќе работи од првиот до последен ден на мандатот, почитувајќи ги законите и јавниот интерес.

Прес конференција Дзижење ЗНАМ За наша Македонија 0 портпарол Никола Мемов

Би можело да ве интересира

(ИНТЕРВЈУ) Каја Шукова за визијата за Скопје: 72 часа се мит, 2028 е реалност

ЗНАМ: Герасимовски се фали по медиуми, дека двојно ќе го зголеми буџетот за култура

Горан Наумовски

Марковски: Магацините на „Славија“ можат да прераснат во простори за културната сцена, а не во бетонски чудовишта

Трајановски: На местото на старата касарна во Бардовци ќе се изгради нов скопски Експо-центар

Само 35 отсто од учесниците на локалните избори поднеле финансиски извештаи на 11-от ден од кампањата

Пинтоска: Оваа депонија е струшкиот Чернобил