Полицијата во американскиот град Вичита бара помош од јавноста за идентификување на жена која наводно била киднапирана рано наутро во недела. Целиот инцидент, кој ја потресе локалната заедница, е снимен со камера за надзор.
Властите објавија фотографии и вознемирувачки снимки од безбедносните камери на жената, направени околу 2 часот наутро во недела, 12 октомври. Видеото од 20 секунди прикажува неидентификуван маж како ја влече жената од влезната врата додека таа вреска за помош. Снимката е снимена со безбедносна камера во блиска куќа.
We’ve worked throughout the day on this investigation, following up on numerous leads, and we appreciate the public's help.
At this time, we have not been able to identify the female and male seen in the video. Exploring all options, we've reached out to our regional and… pic.twitter.com/APj14eTdRI
— Wichita Police (@WichitaPolice) October 13, 2025
Истражителите изјавија дека го подобриле аудио записот на снимката за да го намалат фоновиот шум со надеж дека некој ќе го препознае гласот на жената. Досега, ниту жената ниту мажот на снимката не се идентификувани, а полицијата побара помош од регионалните и федералните агенции.
„Цел ден работевме на оваа истрага, следејќи бројни траги и ја цениме помошта на јавноста“, соопшти полицијата на социјалните медиуми. Тие апелираа до јавноста внимателно да го прегледа видеото и да се јави со какви било информации. „Вашата помош е клучна за обезбедување на нејзината безбедност“, додадоа тие, според „Фокс њуз“.
Инцидентот предизвика загриженост кај жителите. Една соседка рече дека е загрижена за ситуацијата, особено за младите жени во областа. „Опасно е. Тоа е вистина. Но, јас секогаш, верувам дека киднапирањето отсекогаш се случувало“, изјави таа за локалните медиуми, додавајќи дека никогаш не била сведок на нешто слично во нејзиното соседство.
Истражителите, исто така, проверуваат дојава од Оклахома, за која првично се сомневаше дека е поврзана со случајот, но подоцна беше утврдено дека е лажна трага. До понеделник попладне, полицијата не објави никакви нови информации за случајот и продолжува детално да го анализира видеото за какви било траги што би можеле да доведат до идентификација на вклучените лица.