(ВИДЕО) Ристески: Четири години на ВМРО-ДПМНЕ, четири години застој, разочарувања и нула резултати во Аеродром!

Од:

Четири години ВМРО-ДПМНЕ, Митески и Муцунски раководат со Општина Аеродром и четири години гледаме само разочарувања, незаинтересираност и неисполнети ветувања. Ветуваа многу, „хумана урбанизација“, 100.000 квадратни метри ново зеленило, 3.000 нови паркинг места, 4 нови градинки, таблет за секое дете, смарт табли во секоја училница, изјави Милутин Ристевски, носител на советничката листа на СДСМ и коалицијата во општина Аеродром.

– А што добија граѓаните? Запуштени паркови, треви до колена, ѓубре на секој чекор и буквално ниту метар ново зеленило. Ниту едно клучно ветување не е реализирано! Ветени 4 нови градинки – ниедна не е изградена. Ветено зголемување на помошта за новороденчиња – ништо од тоа. Ветена нова гимназија – не е ни започната. Од ветените 6 кружни текови – ниту еден не изграден. Од 3000 паркинг места – само две мали паркиралишта. „Вело-дромот“ и велосипедските патеки на секоја улица? Само празни зборови.

Ветија гасификација, еко-полиција, фонд за реконструкција на фасадите – и сè тоа исчезна веднаш по изборите. Драги сограѓани, време е да ставиме крај на лагите и неработењето. Време е управувањето со Аеродром да го довериме на чесни, посветени и одговорни луѓе. Време е за промена што ќе донесе резултати и вистински развој. Аеродром заслужува повеќе – зелена, функционална и современа општина во која ќе живееме со гордост. Аеродром е нашиот дом – и време е повторно да го изградиме заедно, рече Ристевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: „Печатна грешка“ со коњ со пет нозе – Орце и ВМРО-ОКГ ја покажаа својата неспособност

СДСМ: Граѓаните чекаат на граница, функционерите на ВМРО-ДПМНЕ минуваат по привилегирана лента

(ВИДЕО) Извештајот на ЕК е аларм за состојбите во правосудството, вели Наумоски

Опозицијата реагира: Мицкоски ја условува финансиската поддршка за судството

Горан Наумовски

СДСМ: Дали Муцунски во Вашингтон кажа дека владата на ВМРО ја спроведува руската и кинеската агенда?

Горан Наумовски

СДСМ го обвини Мицкоски: ЕК нотира системски притисоци врз правосудството

Горан Наумовски