Цариници открија дрога во стан на студентка од Турција во Гостивар

Од:

Метилендиоксиметамфетамин, мефедрон и марихуана се пронајдена при претрес на стан во Гостивар каде престојувала студентка, државјанка на Република Турција.

Како што соопшти Царинската управа, инспектори од Одделението за истраги при претресот извршен по налог на надлежното обвинителство, биле пронајдени шест таблети од психотропната дрога метилендиоксиметамфетамин (MDMA), 1,63 грама мефедрон, марихуана и десет семки од канабис.

-Во текот на предистражната постапка е утврдено дека студентката примила авионска пратка испратена од физичко лице од Белгија, заведена како „нотес“. По приемот на пратката, осомничената ја отворила и од неа ја извадила дрогата. Во истиот момент, царинските инспектори, со налог на јавен обвинител, извршија претрес, при што е пронајдена дрогата, се наведува во соопштението.

Со наредба на јавниот обвинител, запленетите супстанци се доставени на вештачење во Министерството за внатрешни работи, каде е потврден нивниот хемиски состав.

Против осомничената е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Гостивар за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Би можело да ве интересира

МВР: Украдени 18 килограми злато вредни 1,8 милиони евра од златарница во Гостивар

А1он

Mаскирани разбојници со автоматско оружје ограбија златара во Гостивар

А1он

Голтна кеса со дрога додека бегаше од полицијата

А1он

Членови на „Балкански картел“ се уапсени во операцијата „Пајак“: Полицијата пронајде 4,5 тони кокаин

Градинката каде што беше пронајден шприцот: Само едно дете има гребнатинка, можно е од гранка од оградата

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ