Ако бевте невини, требаше вие да изгорите во трагедијата – му рекол обвинител на полицаец тврдат од Независниот синдикат

Од:

Со паролата „Први за осуда – последни за почит“, Независниот синдикат на полицијата денеска изрази револт кон Обвинителството поради, како што велат, неправедниот третман на нивните колеги кои се под истрага за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.

Од синдикатот порачаа дека бараат правда за сите жртви, вклучително и за нивниот колега Тоше Тодоровски, кој го загуби животот во трагедијата, но и поддршка за колегите што ја преживеале несреќата.

„Не сме против истрагата, но бараме таа да биде јавна и транспарентна. Барем еден распит нека се објави, за јавноста да види каков третман имаме“, изјави претседателот на синдикатот Мартин Ефремов.

Тој додаде дека однесувањето на обвинителите е понижувачко и нечовечно.

„Не е човечки обвинител да им каже на нашите колеги – ако бевте невини, требаше вие да изгорите во трагедијата. Ако некој полицаец му го каже тоа на граѓанин, ќе заврши во затвор“, рече Ефремов.

Полицајците симболично ги оставија своите легитимации, како знак на протест и, како што рекоа, поради стравот кој ќе биде следниот уапсен. Тие најавија дека од утре ќе поднесуваат кривични пријави против обвинители и судии.

Синдикатот бара и итна реакција на обвинителството за, како што посочија, неделувањето на Државната комисија за управна постапка по втор степен, која со месеци не ги разгледува нивните приговори.

„Нашите колеги се оставени без плата, без придонеси, без егзистенција. Некои од нив немаат ни обвинение повеќе од шест месеци. Можеби подобро ќе беше да ги ставевте во притвор – барем таму ќе имаа што да јадат“, изјави Ефремов.

Од синдикатот изразија поддршка и за полицајците против кои се води дисциплинска постапка по убиството на Росица Коцева и нејзиниот татко во Велес, велејќи дека и таму „први на удар“ биле полициските службеници, иако за убијството постоела поднесена кривична пријава.

Протестот започна пред Основното јавно обвинителство, продолжи кај црквата „Св. Богородица“, каде што беа запалени свеќи за жртвите од пожарот во „Пулс“, а заврши пред Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Родителите на жртвите во „Пулс“ блокираа во Кочани, ако нема ефект ќе дојдат во Скопје пред Кривичен

Кривичен го одобри обвинителниот акт за трагедијата во Кочани

Горан Наумовски

Филипче: Се откри грдото лице на оваа власт, правда за Кочани нема да има, ги заштитиле своите функционери

Обвинителниот акт за трагедијата во „Пулс“ ќе биде оценет до крајот на неделава

Катерина Ѓуровски

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ сее магла дека некој барал „убиство на Мицкоски“, ќе поднесеме кривична

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека зад објавите „Убијците од Кочани“ стои Венко Филипче и неговите структури

Катерина Ѓуровски