Напаѓач влезе во обложувалница и отвори оган – најмалку тројца ранети

Од:

Во германскиот град Гисен попладнево се случи пукотница, во која се ранети три лица. Инцидентот се случил во обложувалница на главниот градски плоштад кратко по 15:00 часот, соопшти полицијата.

Според првичните информации, непознато лице испукало неколку куршуми во обложувалницата, а потоа уште еден куршум додека бегало во правец на зградата.

Повредените веднаш биле префрлени во болници, но сериозноста на нивните повреди сè уште не е позната.

Околу 20:00 часот, полицијата потврди дека е уапсен еден осомничен, според германските медиуми.

Плоштадот во моментов е затворен за граѓаните, а местото на злосторството е опкружено со полициска лента.

Во тек е собирање траги и форензичка обработка на теренот.

Портпаролката на полицијата изјави дека, врз основа на досегашните информации, нема опасност за населението.

Мотивот за нападот во моментов е непознат, а полицијата наведува дека не може да открие повеќе детали поради истрагата која е во тек.

Би можело да ве интересира

Дизелот во Германија достигна рекордни 2,47 евра за литар

Катерина Ѓуровски

Лидерката на АФД предупреди: Ќе престанеме да ја финансираме Украина и ќе бараме надомест, ќе го преиспитаме државјанството на Сиријците

Протест пред германската амбасада во Москва поради затворањето на Рускиот дом во Берлин

По триумфот на AfD, германскиот SPD бара повеќе дипломатија за Украина

Бесент: Обновата на Украина ќе биде огромен проект, сличен на повоената обнова на Германија

Вајдел по разговорот Путин – Трамп: „Со нас сè ќе се промени“

Горан Наумовски